AF Illuminator

Осветлувачот за автоматско фокусирање дава светло за полесно фокусирање на објект во темна околина.
Осветлувачот за автоматско фокусирање емитира црвена светлина што овозможува фотоапаратот лесно да фокусира кога копчето за блендата ќе се притисне до половината надолу, сè додека да се фиксира фокусот.
Тогаш се појавува индикаторот .
  1. Поставете го фотоапаратот во режим за снимање.

  1. MENU (Settings) (Shooting Settings) [AF Illuminator] саканиот режим


Auto
Поставува дали автоматски да се употреби осветлувачот за автоматско фокусирање во темно окружување.

Off

Забелешки
  • Фокусот се постигнува кога светлината на осветлувачот за автоматско фокусирање ќе допре до објектот, без разлика дали светлината ќе ја допре средината на објектот.

  • Не можете да го користите осветлувачот за автоматско фокусирање во следниве ситуации:

  • во филмскиот режим,

  • во режимот [Sweep Panorama],

  • кога во изборот на сцени ќе се избере режимот (Landscape), (Night Scene), (Pet) или (Fireworks),

  • кога [Self-Timer] е поставено на [Self-portrait One Person] или [Self-portrait Two People].

  • Кога го користите осветлувачот за автоматско фокусирање, нормалниот наоѓач на рамки за опсегот за автоматско фокусирање се исклучува и како испрекината линија се прикажува нов наоѓач на рамки за опсегот за автоматско фокусирање. Автоматското фокусирање работи со вклучен приоритет на објекти во близина на средиштето на рамката.

  • Осветлувачот за автоматско фокусирање емитува многу силна светлина. Иако не е опасно по здравјето, не гледајте одблизу директно во емитерот на осветлувачот за автоматско фокусирање.