Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Снимање на основната бела боја во режимот [Custom Setup]

Во сцена каде што амбиенталното осветлување се состои од повеќе типови извори на осветлување, се препорачува користење на прилагоден баланс на белата боја заради веродостојна репродукција на белината.

  1. MENU → (Camera Settings) → [White Balance] → [Custom Setup].
  2. Држете го фотоапаратот/видеокамерата така што белата површина целосно да ја покрива површината за автоматско фокусирање што е лоцирана во центарот, а потоа притиснете на центарот од контролното копче.
    Се прикажуваат калибрираните вредности (Color Temperature и Color Filter).
  3. Изберете го бројот за регистрација со користење на десната/левата страна на контролното тркало.
    Мониторот се враќа на екранот за снимената информација истовремено задржувајќи го прилагоденото поставување за балансот на белата боја.

Забелешка

  • Пораката [Custom WB Error] означува дека вредноста е повисока од очекуваниот опсег, кога се користи блиц врз објект со премногу светли бои во рамката. Ако ја регистрирате оваа вредност, на екранот за снимената информација пожолтува индикаторот . Можете да снимате во овој момент, но се препорачува повторно да го поставите балансот на велата боја за да добиете поверодостојна вредност за него.